На Филипини загинаа 27 лица на миса во црква

63

Најмалку 27 лица загинале во двојниот напад на црква на филипинското острово Џоло, упориштето на Исламската организација Абу Сајаф .

Нападот се случил два дена по референдумот на кои граѓаните се изјасниле за давање на автономија на реонот Бангсаморо во чии состав е и островот Џоло, соопштила војската, пренесе агенцијата АП.

Првата бомба експлодирала во црква за време на миса, а втората на паркинг пред верскиот објект додека војниците пристигнувале на местото на несреќата, јави Франс прес.

Меѓу загинатите има и војници, а околу 80 лица се повредени, додаваат истите извори кои наведуваат дека најверојатно станува збор за терористички напади.

Групата Абу Сајаф која е основана во деведесеттите години на минатиот век е поврзана со терористичката Ал Каида.