На фестивалот „Средба во Пекинг“: Претставата „Галеб“ патува во Кина

92

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, а во режија на Нина Николиќ на 21 јануари ќе учествува на 20. уметнички фестивал „Средба во Пекинг“.

„Овој фестивал е еден од најголемите уметнички фестивали во Кина, а во изминатите години на програмата се најдоа претстави, ликовни изложби, концерти, танци, настапи на отворено и активности за едукација на уметноста. Уметници од целиот свет ја презентираат својата култура, формите и содржините се разновидни, а фестивалот претставува одлична платформа за промовирање на кинеската уметност и култура низ светот“, посочуваат од МНТ од каде истакнуваат фестивалот во организација на Министерството за култура и туризам на Народна Република Кина, градот Пекинг и Националната радио и телевизија, а предводен од Здружението за уметност и забава во Кина.

Фестивалот успешно се одржува од 2000 година, со учество на повеќе од 30 илјади уметници од над 100 земји од целиот свет.

Во претставата „Галеб“ играат Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски, Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Славиша Кајевски и Аксел Мехмед.