На успешните луѓе денот им почнува во 5:30 часот наутро

163
Wake up of a girl stopping alarm clock

“Успешните” луѓе го почнуваат денот во 5:30 наутро, покажуваат резултатите од една најнова британска студија.

Еден од три таканаречени успешни луѓе го навива часовникот многу пред одењето на работа, за да ги провери мејловите или едноставно, да ужива во кафето.

Меѓутоа, и тоа има своја цена. Еден од четворица успешни признава дека спие само шест и пол часа ноќе.

Студијата опфатила 2.000 успешни Британци кои заработуваат над просекот и се наоѓаат на завидни деловни позиции.

Резултатите покажале дека 12 проценти од нив стануваат рано, а половината додека пијат кафе ги читаат мејловите. Останатите прво ги читаат утринските вести, но и се присутни на социјалните мрежи. Околу 12 проценти го шетаат кучето, 11 отсто вежбаат, а 7 отсто медитираат.

Интересно е тоа што дури 53,3 отсто никогаш не би станувале рано заради кариера.