На улицата „8-ма ударна бригада“ не смее да се паркира

2537

Општина Центар воведува ред на паркиралиштата на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

Како што информираат општинските власти, во согласност со одлуката на Советот на Општина Центар, на улицата „8-ма ударна бригада” не е предвидено паркирање.

Затоа, во соработка со МВР сите возила кои што ќе бидат затекнати на оваа улица ќе бидат отстранети со пајак возило.