На Табановце откриени три возила кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација

27

На 26.01.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле дополнителна контрола на три возила со кои се вршел превоз на патници.

Патничко возило „пежо боксер”, со швајцарски национални ознаки,управувано од Т.Г.(22) од с.Ново Село, патничко возило „пежо боксер”, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(43) од Струмица и патничко возило „цитроен џампер”, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Штип.

При тоа било констатирано дека пријавените вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на полициските службеници бил известен надлежен инспектор од Одделение за инспекциски надзор над патниот сообраќај при Државниот инспекторат за транспорт и врски за расчистување и санкционирање на случаите.