На Скупи фестивалот вечерва претставата „Будење на пролетта“

32

Во рамки на Скупи фестивалот вечерва на сцената во Куршумли Ан ќе настапи Косовскиот национален театар со претставата „Будење на пролетта“. Претставата е дел од официјалната програма на фестивалот.

Вчеравечер во официјалниот дел се претстави Сараевскиот воен театар со претставата „Целата моја љубов“.

Фестивалот завршува на 22 овој месец, а покрај официјалниот дел, има и придружна програма. Поради пандемијата со Ковид -19, фестивалот се одржува во согласност
со здравствените протоколи, а за публиката е задолжително носењето на заштитна маска.