На протест во Белорусија приведени 313 лица

20

Припадниците на белоруската полиција приведоа 313 лица за време на вчерашните протести, информира портпаролот на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова.

Вкупно, 313 лица се во притвор до крајот на судските рочишта за кршење на законот на вчерашните масовни настани, напиша Чемоданова на социјалната мрежа Телеграм и додаде дека во тек се истраги за давање отпор на полициските службеници и попречување сообраќај.

Министерството исто така потврди употреба на специјални средства против демонстрантите.

Граѓаните продолжија да ги игнорираат легитимните барања на полицијата, тие формираа жив ланец, вулгарно и се обраќаа на полицијата, активно се спротивставуваа на полицијата, врескаа и лелекаа, се вели во соопштението и се додава дека затоа полицијата била принудена да користи специјални средства (неколку истрели од огнено оружје во воздух и солзавец).

Масовните протести во Белорусија траат веќе неколку месеци поради резултатот од претседателските избори одржани на 9 август.

Секоја недела најголемите протести се одржуваат во Минск и во неколку други градови.

Извор:МИА