Челниците на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус пред неколку дена имале средба со раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи, а тема на дискусија бил евентуалниот трансфер на бразилскиот интернационалец Вилијан.
Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, но „старата дама“ сака да ги осигура неговите услуги веќе во јануари. Бразилецот ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели во Торино доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 15 мил. евра.