Август е месец во кој Сатурн, Јупитер, Нептун и Плутон се ретроградни. Покрај тоа, на 12 август доаѓа и полната Месечина во знакот на Водолија, која ќе донесе ненадејни промени.
Со оглед на тоа што веќе навлегуваме во ерата на Водолија, знакот во кој Сатурн престојува до март 2023 година, јасно е дека полната Месечина на ова место на 12 август ќе биде поттик за големи и неочекувани промени.
Водолија е знак кој е шампион на слободата, пријателството и предвесник на иднината. Престојот на Сатурн во овој знак повеќе од година и полoвина укажува дека чувствуваме голем притисок од сите страни, но и дека сме затегнати во сите врски што ги имаме.
Полната Месечина во Водолија на 12 август ќе донесе ненадејни промени и стресни ситуации на кои нема да можеме да влијаеме. Не е исклучено да бидете сведоци на случувања кои ќе го променат текот на годината што е пред нас.
Ова е борба на лично ниво да ги усогласиме нашите потреби и да ги ослободиме ограничувањата што не спречуваат да продолжиме напред.
Полната Месечина во Водолија силно ќе влијае на Водолиите, Лавовите, Биковите и Скорпиите.
ВОДОЛИЈА
Тоа се лични промени и ненадејни пресврти. Ќе се најдете во ситуација кога треба брзо да донесувате одлуки, а психолошки ќе почувствувате голем притисок и товар од кој треба да се ослободите. Ова е судбоносен датум за сите Водолии, затоа подгответе се за неизбежни ситуации кои ќе го зајакнат вашиот карактер и ќе ви го променат животот.
БИК
Полната Месечина во Водолија ви носи ненадејни промени на работното место. Ви претстои стресен период на работното место во кој нема да можете да се справите со проблемите. Иако сè ќе изгледа полошо отколку што е, ова ќе биде нешто што мора да се случи за да го промените текот на вашата кариера. Ова подразбира и технолошки промени на работа на кои ќе треба да се прилагодите.
СКОРПИЈА
Оваа полна Месечина ќе ви донесе стрес во рамки на семејството. Поради ова, ќе имате тежок однос со личност која ви е блиска. Тоа се и компликации во однос на станот или евентуално преселување. Обидете се да разберете еден родител за да избегнете конфликти. Не е исклучено да имате дефекти во станот.
ЛАВ
Полната Месечина во седмата куќа ви носи криза во партнерските односи. Доколку сте во брак, ова е настан кој ќе ви донесе потреба да ги преиспитате вашите лични потреби и да барате поголема слобода во врската. Едно е сигурно, институцијата брак како што знаете дефинитивно ќе мора да се промени.