Интензивни врнежи од снег го зафатија нашиот најголем скијачки центар Попова Шапка од попладнево. Врз стариот снег веќе се формира нова снежна покривка, на задоволство на љубителите на зимските спортови.

Скијање во центарот има, работат жичницата Свети Илија и ски лифтовите „Тетекс“, „Аеродром“ и „Пионир“ (Ге).

Новата жичница – шестосед, се уште не е во употреба.