На покана на Муцунски:Учесниците во трката за градоначалник на Аеродром на кафе-дружба

    48
    Учесниците на локалните избори во трката за градоначалник на  Аеродром денеска се дружеа во кафуле на покана на новоизбраниот градоначалник на таа општина Тимчо Муцунски, кој беше кандидиран од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Ги поканив моите противкандидати на кафе дружење за да испратиме порака за обединување кое не само на Аеродром, туку и на цела Македонија ѝ е потребно. Сè ова го направив со цел да излеземе од оваа состојба во која се наоѓаме и да го подобриме животот на нашите сограѓани. Секоја идеја, секој проект кој е од интерес на граѓаните ќе го прифатам и реализирам. Аеродром е на сите нас. Заедно да придонесеме за нашето маало, напиша Муцунски на Фејсбук. 

    Ги поканив моите противкандидати на кафе дружење за да испратиме порака за обединување кое не само на Аеродром, туку и…

    Posted by Timco Mucunski on Tuesday, October 19, 2021