На пејачката во прошетка и се слошило на улица – Ана Бекута на работ на инфарктот

479

Популарната пејачка Ана Бекута која многу добро ја знаеме и како интрпретаторка на македонскиот хит “Стариот џумбушлија“ за малку на улица во Белград додека одела во прошетка, ќе завршеше на оној свет. Но, имало Господ, како што вели самата Ана. – Паднав на улица, но и самата сум виновна бидејќи одев пеш сред бел ден кога беше најтопло некои си 38 степени. Едноставо останав без грам сила, ми се заврте и се изгубив. Се освестив на клиниката, донесена со итна помош, раскажала Бекута која беше доста потресена и вознемирена. Докторите детално и ја прегледале крвната слика и дошле до заклучок дека Ана била во прединфарктна состојба за што можат да постојат многу здравствени причини. Од тој ден Ана решила на топлото веќе да не излегува и да зема доволно течности, најмногу обична ладна вода за пиење, како најдобар лек за ублажување на горештините. Д.М.