На Пелистер изгоре планинарската куќа „Ловечка“

55

Во пожар изгоре планинарската куќа „Ловечка“ која се наоѓа на надморска височина од 1950 метри на планината Баба.

Станува збор за објект кој го користеа битолските планинари, како и вработените од предавателниот пункт „Пелистер“ во ситуација на невреме или висока снежна покривка.

-Жално е тоа што се случило на планинарската куќа „Ловечка“. За жал, после „Копанки“, ова е второ сместувалиште на планинарите кое сега е неупотребливо. Планинарската куќа „Ловечка“ служеше за преноќување, сместување и одмор, но, за жал, оваа зима ќе биде неупотреблива, велат битолски планинари.