Поранешната германска скокачка во далечина Сусен Тидтек (52) откри како спортистите го поминуваат своето време во Олимпиското село за време и по Игрите.

Имено, организаторите на Олимписките игри во Токио поради пандемијата им забранија на спортистите каков и да е непотребен физички контакт, кој вклучува и сексуален однос.

Од 1998 година и Зимските олимписки игри во Нагано, олимписките села се опремени со автомати во кои бесплатно можат да се добијат кондоми, но тоа нема да биде случај во Токио.

  • Забраната е смешна, не може така да функционира. Сексот отсекогаш бил проблем во Олимпиското село. Спортистите на Олимписките игри имаат премногу физичка сила, а кога ќе завршат со натпреварувањето, сакаат да се ослободат од таа енергија. Има постојано забави, а тука е и алкохолот. Се случува спортистите да имаат сексуални односи и секогаш има такви што копнеат по тоа, истакна Сусен за германски „Билд“.

Германката беше на Олимписките игри во 1992 и 2000 година, а во Барселона во 1992 година го запозна својот поранешен сопруг Џо Грин, со кого беше повеќе од четири години во брак.

  • Нашите натпреварувања беа при крајот на Игрите и ништо не можеше да се случи претходно. Тренерите ни велеа: „Кога имате секс, телото треба да се наполни со енергија. Значи, не треба да го правите тоа“. После натпреварот, тоа е друга приказна. Колегите секогаш се грижеа во случај да ви треба просторија за себе, додаде Германката.

Огранизаторите најавија дека подготвиле 160.000 кондоми за да ја подигнат свеста за сигурен секс, но наводно спортистите ќе ги добијат како подарок откако ќе ја напуштат Јапонија. Организаторите исто така открија дека секоја кревет може да издржи тежина од само две лица, алудирајќи на забрана за секс во тројка“.

  • Секогаш можеше да се слушне како другите се забавуваат. Некогаш беше тешко да заспијам. Сексот секогаш беше главна тема меѓу спортистите, а особено пред почетокот на Игрите. Мене ме тренираше тато. Тој беше многу строг. Во случај некое момче да сакаше да излезе со мене, прво мораше да направи сто склекови. Тајно морав да запознам некого, бидејќи во спротивно никогаш немаше да запознам никого, заврши поранешната олимпијка.