epa00646766 Tatiana Navka (R) and Roman Kostomarov of Russia are seen during the Original Dance portion of the Ice Dancing Competition at the Turin 2006 Winter Olympic Games in Turin, Sunday 19 February 2006. EPA/SERGEY CHIRIKOV EPA/SERGEY CHIRIKOV

Русија деновиве има поважни работи од спортот, војната во Украина е најголемата причина за тоа, но спортските вести можат да ја потресат и руската јавност.

Еден таков објави локалната новинска агенција „РИА Новости“. Имено, тие објавија дека еден од најпознатите руски натпреварувачи во уметничко лизгање, Роман Костомаров, завршил во болница, и дека „тој е на одделот за интензивна нега поради пневмонија“. Но, подоцна беше објавено и дека на олимпискиот шампион од 2006 година може да му биде ампутирана ногата поради гангрена.

  • Олимпискиот шампион во танцување на мраз од 2006 година, Роман Костомаров, може да остане без дел од ногата бидејќи лекарите најверојатно ќе мора да прибегнат на ампутација поради гангрена, откри за „РИА Новости“.

Роман Сергејевич Костомаров е роден на 8 февруари 1977 година, а не само што беше олимписки шампион, туку и двократен светски шампион и трипати европски првак. Тој е еден од „заслужните спортисти на Русија“, а се прослави со настапите со Татјана Навка, додека партнерки му беа и Екатерина Давидова и Ана Симјоновиќ.

Инаку, неодамна се одржа Светското првенство во лизгање, а Русија не смееше да настапува на истото поради воената операција во Украина. Во отсуство на нивните натпреварувачи, кои секогаш се претенденти за златото, до најсјајното одличје дојдоа Французинот Адам Сиао Хим Фа во машка конкуренција, како и Русинката Анастасија Губанова кај дамите, која ги бранеше боите на Грузија. Што се донесува до натпреварите во двојки, златото го зграби италијанскиот пар Шарлен Гинјар и Марко Фабри, додека во спортски двојки најдобри беа Сара Контри и Николо Мачи, исто така од Италија.