На овој датум се раѓаат најмногу деца

104

Дали и вие имате повеќе членови од семејството или блиски пријатели на чии роденден одите во летните месеци? Тоа, според истражувањата на научниците не е случајно. Статистиката вели дека во јули, август и септември се раѓаат најмногу деца.

Ова го поврдиле резултатите од неколку истражувања, а најновото е спроведено неодамна, на Универзитетот Хардвард, пренесува „Business insider“.

Меѓутоа, истражувачите не запреле само на тоа, туку отишле и чекор понатаму, па откриле во кој ден се родени најмногу луѓе. Резултатите велат дека тоа е 16-ти септември.

Нивниот интерес бил насочен кон т.н. роденденски парадокс, кој вели дека веројатноста дека од 23 лица во една просторија, барем две се родени во еден ден, е малку поголема од 50 отсто. Кај 50 лица пак, тој процент оди и до 90 осто.