На Ноле сепак тенисот подобро му оди/видео

121

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по освојувањето на Вимблдон се одмора во Хрватска со својата сопруга Јелена. Тој моментално се наоѓа на островот Корчула, каде во неделата се забавуваше во вечерните часови, потпевнувајќи го хитот на Оливер Драгоевиќ „Кад ми доџеш ти“.

Познатиот тенисер признава дека сепак тенисот подобро ми оди од пеењето.

Инаку, српскиот тенисер доби покана од премиерот Зоран Заев и од охридскиот градоначалник Константин Георгиевски за посета на нашиот бисер, а Ноле потврди дека ќе ја разгледа можноста да го посети Охрид.

https://twitter.com/DjokerNole/status/1153008138863308800