На низок старт поради Стерлинг

51

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), со посебно внимание ја следи ситуацијата околу крилниот напаѓач на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Рахим Стерлинг. Репрезентативецот на Англија веќе со месеци преговара со клупските челници но двете страни никако не можат да постигнат договор околу неделната плата. Стерлинг сака да биде најскапо платен фудбалер на „Итихат“, додека раководните лица на Сити му нудат идентична плата каква што има и белгискиот интернационалец, Кевин де Бруин.