Контроверзниот австралиски тенисер Бернард Томич, во строгиот 14 – дневен карантин во Мелбурн со себе си ја зема и својата девојка, ѕвездата на филмови за возрасни и позната старлета Ванеса Сиера.

На него воопшто нема да му биде досадно во карантин како на останатие тенисери. Ванеса веќе објави видео од хотелската соба во кое покажа дека одлично се забавува.

-Играв Покемон цели 11 часа вчера и 12 часа претходно. Бернард играше друга игра, откри Ванеса.

Сепак, призна дека не е се така идеално.

-Храната е далеку од добра, но морам да признаам дека последниве неколку дена се поправи, вели актерката.

Ванеса е и ѕвезда на австралиските реални шоуа и многу е популарна на сајтот „Only Fans“ на кој наплатува за сопствените голи фотографии и видеа.