Унгарскиот шампион ПИК Сегед ја доби пресметката со ППД Загреб, во рамките на второто коло на Лигата на шампионите. Избраниците на Пастор, на домашен терен  го надиграа хрватскиот шампион со 30:21 (10:7). Марио Шоштариќ со седум погодоци и Фримел со шест беа најдобри во таборот на Унгарците, водејќи го својот тим до славје.

Вицешампионот Алборг на свој терен го реши францускиот Монпелје со 36:28. Французите на овој натпревар настапија без неколку првотимци, кои го пропуштија гостувањето во Данска поради повреда.

Најефикасен на натпреварот беше ракометарот од Алборг, Лукас Сандел со 11 гола. Во составот на Монпелје, Килијан Вијмино беше прв стрелец со шест гола.

Интересно беше и на дуелот меѓу Кил и Елверум, натпревар на кој беа постигнати дури 77. голови, а победата ја однесе гермаскиот тим со 41:36

Најефикасен во пебедничкиот тим беше Рајкинг со 7 гола, а по пет дадоа Сван Ерик, Стефан Вајнхолд, Магнус Јакобсен Ландин  и Патрик Винчек. Во поразениот тим со седум гола се истакана Ерик Јохансон.