Името е дадено според желбата на мама Марина и кумовите на Панови…

Тоа е за вистинско, многу пријатно изненадување. Никој немаше поим дека пејачот Јоце Панов треба да стане татко. А, стана вчера откако неговата сопруга Марина на свет донесе здраво машко бебе. Маженцето ќе се вика Лука. Името е дадено според желбата на мама Марина и кумовите на Панови. Роден е со скоро 3,5 кг тежина и 51 цм должина. Инаку, Јоце пред да стапи во брак со Марина, неколку дена пред свадбата за нашиот “Вечер“ даде интересна изјава: “Доста е со ергенскиот живот и мене ми дојде време да се врзам, и тоа со онаа која ја засакав уште пред 10 години, за љубовта на мојот живот, за мојата Марина“.

По гламурозната свадба на која видовме и многу познати личности, пријатели на Јоце и Марина, брачната двојка замина на меден месец на море. Убавата вест дека станал татко, Панов ја сподели и на социјалните мрежи со интересна фотографија. Веднаш потоа под сликата се редеа над стотина и стотина честитки. Прославата со мекици, како што е стар македонски обичај, ќе биде деновиве. Ако досега Јоце Панов го гледавме како успешен пејач, отсега ќе го гледаме и во најмилата улога во неговиот живот – како среќен тато на синчето Лука.  Д.М.