Организаторите на атлетскиот маратон во Лондон, одлучија овогодинешното издание да се одржи само со елитните атлетичари. Иако маратонот во европските метрополи обично се теча на пролет, овој пат трката ќе биде одржана на 4. Октомври и на неа нема да може да настапат обичните граѓани заради страв од ширење на коронавирусот.

Најдобрите маратонци и маратонки во светот овој пат ќе трчаат околу Ст. Џејмс Парк, а не низ лондонските улици како што беше случај во изминатите години.

Организаторите се надеваат дека мажите ќе ги предводи минатогодишниот победник и светски рекордер Кениецот Елиуд Кипчоге и Етиопјанецот Кенениса Бекеле, повеќекратен светски и олимписки победник и се уште светски рекордер на 5.000 и 10.000 метри.

Целта на организаторите е Кеникајта Бриџит Косги да биде носителка на стартната листа во женска конкуренција.

До сега на Лондонскиот маратон настапуваа 40.000 рекреативци, но овој пат тоа нема да се случи.