На македонски начин: Павле Камилоски во санремовска видео љубовна приказна

171

Атрактивниот македонски музички уметник Павле Камилоски за кого велат дека по својот физички изглед потсетува на некој кој е роден во Италија, лани во декември на неговиот предновогодишен концерт го промовираше својот прв авторски сингл „Такт по такт“.

Изгледот по се изгледа и не му е случаен, бидејќи репертоарот на Павле е секако со италијански шмек. Тој сега се јавува со најновата песна насловена како “Љубовна рапсодија“, а за истата е направено и видео издание.
Ритамот што освојува го аранжираше Сашко Николовски, а текстот кој не ве остава рамнодушен е дело на Сара Пројковска, која воедно ја слушаме и како придружен вокал. Целата медитеранска атмосфера “зашеќерена“ со карактеристични примеси на санремовски воздишки во оваа куса, но многу впечатлива филмска (црно-бела) видеоприказна ја донесе познатиот рокер Александар Ристовски – Принц, како режисер и видео продуцент на спотот. Постпродукцијата е на Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“.

Мелодијата за „Љубовна рапсодија“ ја изведува извонреден тим од музичари на саксофон, флејта, труба, гитара, клавијатури, тромбон, контрабас, тапани… сè е како во некоја фантазија, создадено да се ужива во топлите летни денови некаде покрај морето.   Д.М.