Меган Маркл и принцот Хари неодамна станаа родители на преслатко момче. Гордите родители соопштиле дека бебето Арчи има црвена коса како неговиот татко.

-Тој е многу весело бебе. Има прекрасна црвена коса. Неодолив е, открил извор близок на војводата и војвотката од Сасекс.

Црвената коса е наследна во семејството на принцот. Познато дека во семејството на неговата мајка, покојната принцеза Дајана, црвена коса не е реткост. Најблиските роднини имаат црвена коса, па не е чудно што и бебето Арчи е црвенокосо.

Еве го Арчи со фотографии од неговите родители кога биле на негова возраст.

Иако е откриено дека бебето има коса како татко му, не е откриено на кого повеќе наликува, на мајка си или на татко си, пренесува Мари Клер.

-Сите велат дека бебињата можат да се променат многу брзо. Засега само набљудуваме како се менува тој за овие месеци. Неговиот изглед се менува од ден на ден, па кој знае, изјавил принцот Хари.