Во ноември 2015 година, Британецот Тајсон Фјури стави крај на децениското владеење на украинскиот боксер Владимир Кличко.

„Кралот на циганите“ успеа да го совлада Кличко во одлична борба, а со тоа ги зема појасите во ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО верзиите.

Сепак, Кличко пет години подоцна ќе ги добие појасите кои некогаш ги поседуваше. Федерациите ВБА, ВБО и ИБФ решија да му оддадат почит на легендарниот украински боксер и да му ги вратат појасите што ги загуби.

Тие ќе бидат изложени во музеј посветен на браќата Кличко. Од 1 јуни ќе ги украсува просториите на музејот, а на тој начин, легендарниот украински боксер ќе ја прослави шестата годишнина од отворањето на музејот.

Кличко две години подоцна загуби и од Ентони Џошуа, со нокаут во 11. рунда, што фактички и значеше крај на неговата богата кариера.

Инаку, од следниот викенд ќе бидат дозволени боксерски натпревари во Лас Вегас, бидејќи државата Невада ја прекина забраната за боречките спортови поради пандемијата на коронавирус. Сите мечеви во блиска иднина би биле одржани без публика со цел спречување на ширење на вирусот, а воедно сите учесници ќе мора да поминат посебни протоколи.