На Кичеец му се заканува од 1 до 10 години затвор

113

По признанието на вина на Зоран Милевски Кичеец, како обвинет во случајот „Рекет“, денеска во 12 часот ќе му биде изречена и пресуда. Тој е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што му се заканува затворска казна од 1 до 10 години.

Сепак по признанието на вина, можно е Кичеец да се „извлече“ и со условна казна затвор.