На Кипар регистрирани 35 нови случаи на Ковид-19 и уште една жртва

61

Министерството за здравство на Кипар попладнево соопшти дека се регистрирани 35 нови случаи на коронавирусот, а во изминатите 24 часа почина уште едно лице, јави дописничката на МИА од Атина.

На Кипар, од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно шест жртви и 214 позитивни случаи на Ковид-19, од извршени 6.447 лабораториски анализи.

Починатите се пет мажи и една жена на просечна возраст од 65 години, а четворица од нив имале здравствени проблеми.

Хоспитализирани се 26 лица, од кои девет се приклучени на апарати, а тројца биле пуштени од болница.

Извор:МИА