Во текот на традиционален карневал во хрватското гратче Имотски, се запалени кукли кои претставувале истополов пар со дете, објавува порталот Индекс.хр.

Како што пренесе Индекс, запалена била и фотографија на пратеникот Ненад Стразиќ кој е член на опозициската СДП (Социјалдемократска партија).

Во карневалската поворка имало и деца кои го гледале палењето на куклите. Локалните медиуми јавуваат дека ова не е прв пат на карневалите во Хрватска да се палат работи кои се врска со хомосексуалците или симболизираат хомосексуализам.

Хрватскиот претседател Милановиќ, палењето на куклите го нарече срамно и кажа дека очекува соодветна реакција од институциите.

Извор: Индекс