На Канте му пукна филмот

93

Се погласни и погласни се шпекулациите дека лондонскиот премиерлигаш Челзи сака да стави крај на соработката со францускиот интернационалец Н’Голо Канте. Искусниот играч за врска не е во добри односи со менаџерот на „сините“, Франк Лампард и затоа сака да си замине од „Стемфорд Бриџ“ што е можно побрзо. Канте е проценет на 70 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажуваат раководните лица на Интер и на ПСЖ.