На “Детската Песна на Евровизија 2021“Македонија во Париз со песната на англиски јазик „Green forces“

115

Децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната “Детска Евровизија“. Песната која пред неколку дена беше промовирана во јавноста се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват децата Кристина, Анастасија, Миха и Филип токму тие од „Дајте музика“.

Тоа ќе биде на 19. издание на Јуниорскиот “Избор за Песна на Евровизиј“ кој ќе се одржи на 19-ти декември во концертна сала„La Seine Musicale“, во Париз. По победата која малата Валентина и ја донесе на Франција овој фестивал се сели во градот на светлината. Францускиот Национален ТВ-сервис како домаќин ветува одлична програма, прекрасна забава за која ќе се прераскажува. За Фестивалот интерес покажа и францускиот Претседател, Митеран.

Македонската радио телевизија ќе врши директен пренос од овој важен настан.        Со среќа и победата да е наша! Особено и затоа што оваа година конкурентната Бугарија ќе ја претставува како еден од авторите нашиот струмичанец Васил Гарванлиев.