На денешен ден се славеше 25 Мај (видео)

1109

Во некогашната СФРЈ (Социјалистичка Федеративна Република Југославија) на денешниот ден 25 мај се славеше роденденот на Јосип Броз Тито, или популано наречен Ден на младоста. Иако тој е роден на 7 мај, Југословените веруваа дека роденденот на Тито е на 25 мај. До недоразбирањето дошло, како што тогаш беше објаснето, бидејќи Броз како млад комунист за време на Втората светска војна користел лажни документи.

Главното обележје на овој ден беше Штафетата на младоста. Додека месец и половина претходно низ целата земја патуваа штафети, поминувајќи низ секој град од Триглав до Гевгелија, на денешен ден главната штафета му се предаваше на Тито, со спектакуларен слет во Белград.

Последната ваква штафета „патуваше“ во далечната 1987 година, седум години по смртта на Тито. Наредната година, беше укината оваа некогаш популарна манифестација. Голем број од штафетите денес се чуваат во Куќата на цвеќето, Титовиот мавзолеј во Белград. Овој ден беше неработен ден и општ национален празник на тогашна Југославија.