На денешен ден во 1912 година почнала Првата балканска војна која Србија, Црна Гора и Бугарија, ја воделе против Османлиското царство.

Војната завршила со примирје на 3 декември истата година.

На Мировната конференција во Лондон, на 30 мај 1913 година Турција морала да се откаже од сите имоти во Европа, освен од Едрене, кое сојузниците не успеале да го заземат.

Македонскиот народ зел активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделиле Македонија, што, пак, поради „несоодветната поделеност“, било причина за почетокот на Втората балканска војна.