На два крака од ул. „95“ во Волково се става бекатон

201

Се поставуваат бекатон плочки на два крака од улицата „95“ во село Волково на вкупна површина од 950 квадратни метри. Со тоа се олеснува пристапот до домовите на жителите на овие улици, за кои претходно, со години наназад, не се нашло соодветно решение.

– Истовремено поставен е и тампон на три крака од улицата кој покрива површина од 1.000 квадрати. Во текот на летото соодветно ќе биде третиран и останатиот дел од краците на улицата „95“, откако ќе се изведе канализационата мрежа чиј инвеститор е Министерството за транспорт и врски – информираат од општина Ѓорче Петров.