На граничниот премин Ќафасан возилата се задржуваат околу 30 минути

42

На граничниот премин Ќафасан попладнево има зголемена фреквенција на возила, а задржувањата се околу 30 минути. На другите премини од македонска страна, како што соопшти АМСМ, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.