На Градскиот базен во Кавадарци почнува Школа за пливање

60

Утре на „Градски базен“ во Кавадарци во 9:30 часот ќе почне со работа школата за пливање наменета за деца на возраст од 7 до 10 години.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вели дека ќе се започне со упис на заинтересирано кои сакале да научат да пливаат, а за успешна реализација на школата се ангажирани професори по физичко и здравствено образование од градот. 

Инаку, „Градски Базен“ – Кавадарци овозможува бесплатен влез за деца до 5 години, лица над 60 години и лица со посебни потреби.