На ГП Табановце се чека околу еден час, на преминот Богородица меѓу 15 и 30 минути

21

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија на ГП Табановце е околу еден час, за излез од Македонија на ГП Богородица околу 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.