На ГП Табановце за излез се чека околу 30 минути

40

На ГП Табановце за излез од државата чекањето е околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопшти АМСМ попладнево, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.