На ГП Блаце приведен дилер, пронајдена дрога

33

На Граничниот премин Блаце при влез во РСМ вчера во 17:30 часот од слобода е лишен Ф.Р.(38) од Скопје, бидејќи при извршена проверка кај него се пронајдени марихуана, амфетамин, како и шприц со масло од канабис.

Од МВР денеска соопштија дека лицето е предадено во ПС Гази Баба за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, се наведува во соопштението, против Ф.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МИА