Македонската пејачка го ожени синот во Србија! На Гоца Божиновска сватовите ѝ ја пееле „Денес мајко го жениш својот син“!

10505

Уште една интересна свадба се случи во светот на познатите. И тоа во најблиското соседство, во Србија. Таму минатиот викенд синот го ожени пејачката Гоца Божиновска, која е со македонско потекло, но долги години живее и работи во Србија. Таа од бракот со Зоран Шијан (кој во меѓувреме беше убиен од српската мафија) го има синот Мирко. А, токму Мирко се ожени со Бојана Родиќ, која е сестра на сопругата на Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца. Инаку, Цеца на оваа свадба не дојде. Наводно, во лоши комуникации е со Гоца. За утеха, беше присутен синот Вељко кој со години е добар другар со Мирко Шијан. Сега и се ородија откако се оженија со две родени сестри со кои имаат деца. Невестата Бојана, односно снаата на Гоца, судбоносното ДА го кажа бремена и тоа повторно со машко дете.

Свадбената веселба започна во куќата на Шијан, каде што младоженецот ги пречека гостите, а по нив и трубачите. Целиот свадбонесен урнебес продолжи во гратчето Тител каде што живеела невестата. Младоженецот Мирко беше облечен во елегантен смокинг, додека невестата се „расцуте“ во раскошната венчаница, која го сокриваше нејзиното трудно стомаче. Веселите гости, славеле, пиеле и пееле до зори, кога се разидоа, пеејќи им ја на младоженецот, но и на неговата мајка, на свекрвата,најомилената песна „Данас мајко жениш свога сина“. (Д.М.)