На ГАК породена жена позитивна на Kовид-19, за втора родилка се чекаат резултатите

199

Родилка од Куманово заразена со корона вирус вчера  била безбедно породена со царски рез на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје информира Телма.

Од Клиниката потврдиле за Телма дека бебето се наоѓа на интензивна нега, бидејќи породувањето било предвремено извршено. Персоналот ги презел сите потребни мерки според протоколот за заштита од корона вирусот.

Уште една родилка дошла со компликации и сепса, која предизвикала смрт кај бебето. Гинеколозите сметаат дека во овој случај не се работи за корона вирус, но сепак и таа ќе биде тестирана за Ковид 19.

Извор:Телма