На Вануату, жените црпат енергија од ритамот на океанот /видео

140

Во далечниот дел на Пацификот, музиката на водата им помага на жените да ги продлабочат нивните врски со океанот и да ја зајакнат нивната општествена и економска позиција.

Од едно село на западниот брег на Гауа, мал остров на север од Вануату, потекнува музиката од водата. Насекаде наоколу оваа мала точка копно на мапата има вода, а врз оние чијшто дом се наоѓа тука водата влијае врз речиси секој аспект од нивните животи.

-Ететунг, или музиката на водата, ја покажува блиската врска што постои помеѓу народите од Океанија и морето, вели најстарата жена на водената група Леветон, локална удирачна трупа.

Лоцирани во провинцијата Торба, Банксовите Острови ги вклучуваат Вануа Лава, Санта Марија (Гауа), Мота и Мота Лава, како и бројни малечки островчиња. Густо пошумени и далечни, до овие острови може да се пристапи само двапати неделно со мал авион од островот Еспирито Санто.

Цел милениум, водата во овој оддалечен дел од светот обеадинува и разделува, го поврзува исто колку што ги одвојува луѓето.

Видеото подолу потекнува од филмот “Vanuatu Women’s Water Music,” во продукција на Further Arts и Wantok Musik и во режија на Тим Кол.

Пренесувана со векови од баба на мајка па на ќерка, удирањето на вода отсекогаш било женска работа, велат селаните.

Базиран врз мир и почит, овој колективен израз на живост ка покажува комплексната врска помеѓу островјаните и морето. Во суштината на овој процес е музиката на ритмите која е исклучително моќна.

-Во текот на нашиот живот, мноштво влијанија станаа закана на темелите на нашето живеење тука на Пацификот, исто како и во други делови од светот, вели една танчарка.

Ритуалот ја прикажува меѓусебната врска помеѓу земјата и луѓето. И додека климатските промени го нарушуваат овој баланс на многу начини, гледањето на природата како на свето нешто тука останало не само гледиште за животот, туку и начин на живот.

Освен тоа, во предоминантно машки ориентираното општествно, удирањето на вода е женскиот начин на раскажување на нивната приказна.

Бидејќи економијата на островите е поврзана со рибарството, кое е табу за жените, оваа музичка група е добар начин за подобрување на нивниот економски и општествен статус бидејќи за нивните настапи тие добиваат пари.

Групата Леветон е многу популарна околу Вануату и има настапувано на фестивали и настани во различни делови од светот.