На “Валандово-фолк фест 2019“, ќе има и добри парични награди!

249

“Валандовскиот фолк-фестивал“ кој и во рамките на поранешната Југославија имаше голема популарност, а така и остана до денес со мали осцилации, распишува конкурс за нови фолк-мелодии. На фестивалот кој ќе се оддржи последниот викенд од месецот мај во салата “Јанко Узунов“ ќе има две фестивалски вечери и една шоу програма помеѓу гласањето. Минатата година својата шоу програма, свој концерт, имаше популарна босанска пејачка Ханка Палдум која со својот скоро двочасовен настап ја крена публиката на нозе. Организатор на фестивалот е Општина Валандово со Министерството за култура како главен покровител, кои на финалната вечер, ќе доделат осум паричи награди: -Прва награда во износ од 1.500 евра, Втора награда во износ од 1.000 евра, Трета награда во износ од 750 евра, потоа… Награда „Никола Бадев“ во износ од 500 евра за најдобра вокална изведба, Награда „Драги Митев“ во износ од 500 евра за најдобар аранжман, Награда „Миле Брзанов“ во износ од 500 евра за најдобар дебитант, Награда „Мирчо Карамучев“ во износ од 500 евра за најдобар текст и Награда за најдобар сценски настап во износ од 500 евра.

 На овој конкурс секогаш учествуваат домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството, а рокот за поднесување на пријавите оваа година е до 28-ми февруари. Минатата година на фестивалот победи пејачката Благица Калева со песната ,,Горда мајка’’ која ја посвети на својата ќерка Марија. Скоро целата сала за време на настапот на Калева пееше и плачеше со неа,а која пред 17 години во сообраќајна несреќа ги изгуби ќерката Викторија и сопругот Костадин…. Дуле М.