На Бистра заловен рис од 27 килограми

156

Вработени во Националниот парк Маврово, во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), успеаја да заловат уште еден рис близу селото Сенце.

Како што објави порталот мкд.мк, рисот со тежина од 27 килограми кој е постојан жител на паркот и е сликан од фотозамките на вкупно 12 различни локации, влегол во една од стапиците поставени близу селото. Рисот Б8 засега го држи рекордот за најголем балкански рис што бил фатен за научно истражување.

Податоците од радиотелеметријата ќе придонесат за подобро да се разберат потребите на рисот за исхрана и живеалиште, а и за дијаметарот на неговото движење.

Во наредните два месеци научниците ќе можат да го следат неговото движење и ќе имаат многу повеќе податоци за исхраната и животните потреби на рисот.