На Пи Џеј Вашингтон (23) не му требаше многу време да стане еден од најголемите заводници во НБА лига.  Кошаркарот на Шарлот Хорнетс, кој само три сезони е во најдобрата лига на светот, зад себе веќе има бурна љубовна приказна, а деновиве повторно е во центарот на вниманието. Алиса Шанел преку Инстаграм објави дека е бремена, а тоа ќе биде второ дете на Вашингтон, со друга жена!

Младиот кошаркар пред нешто повеќе од една година доби дете со поранешната девојка Британи Ренер, а таа се прослави поради врската со НБА играчот. Иако набрзо раскинаа, а Пол Џемејн „се снајде“ покрај Алис, Британи продолжи да го привлекува вниманието за врската која некогаш ја имаа.

Таа очекуваше кошаркарот на Шарлот да плати издршка за нејзиниот син, што Вашингтон очигледно не го прави.

„Можете ли да замислите да живеете на 29 години со бебе во куќата на вашите родители и да немате автомобил?“, прашала Британи, која од кошаркарот добила 200.000 долари како еден вид еднократна парична помош.

Сепак, тоа не и е доволно, па често се појавуваше во медиумите за да зборува за несовесниот татко на нејзиното дете. Сепак, нејзиниот глас не допре до Алиса Шанел, која набрзо влезе во врска со кошаркарот и сега го очекува своето второ дете.

Тие се во врска од септември минатата година, а нивната љубов е толку силна што веќе направија тетоважи посветени еден на друг. Љубовта еден кон друг ја покажуваат на Инстаграм каде Алиса им открила на следбениците дека чекаат бебе. Под една од објавите каде го покажа трудничкиот стомак, стои и коментар од крилниот центар кој и вели дека ја сака.