На аукција сетот за инфузија што „му пресуди“ на Мајкл Џексон

127

Роднина на Мајкл Џексон тврди дека ја има последната кеса за инфузија, што „кралот на попот“ ја примил, а којашто поради количината на „пропофол“ била фатална по неговиот живот. Сега таа наводно е подготвена да се откаже од овој „сувенир“, а тврди дека на кесата постојат и дамки од крвта на Џексон.

Марша Стјуарт, роднина на Мајкл Џексон тврди дека споменатата кеса ја земала од неговата спална соба, малку време по неговата смрт.

Марша тврди дека ја зела кесата со инфузија во изнајмената вила каде починал Мајкл. Таа исто така тврди дека ја видела во близина на креветот на Мајкл, и дека во кесата имало „течност од бело млеко“, што е, како што велат, е точен опис на „пропофол“, што пак, во меѓувреме се стопил. Дури тврди и дека трагови од неговата крв се наоѓаат на сетот за инфузија.

Аукциска куќа од Лас Вегас се надева дека ќе добие најмалку 2.500 долари за овој морничав детал.

Сепак светските медиуми пишуваат дека оваа приказна е премногу чудна, а најчудно е како полицијата во истрагата за смртта на поп ѕвездата не го земала тој доказ од лице место, доколку секако се наоѓал таму.