На Арктикот исчезнаа две санти мраз стари 5.000 години

115

Новите сателитски снимки на НАСА покажуваат дека две големи санти мраз во канадскиот залив Свети Патрик целосно исчезнале. Поголемата санта имала површина од три квадратни милји, а помалата 1,1 милја и од 1959 година се намалуваат поради глобалното затоплување.

Научниците сметаат дека сантите настанале пред околу 5 илјади години и дека во периодот од 16-ти до 19-ти век, во периодот познат како „мало ледено доба“ биле значително поголеми, пренесе СиЕнЕн.

Позабрзано топење на сантите поради глобалното затоплување почнало од 2015 година, но Марк Сиризи од Националниот центар за проучување на снег и мраз на САД вели дека е изненаден од тоа што сантите мраз исчезнале побрзо од предвиденото.

„Едноставно, на Земјата е премногу топло“, изјави Сиризи и порача дека самото исчезнување на сантите мраз е сериозно предупредување на тоа што се случува на Арктикот.