На аеродром во Германија автомобил влета во пешаци, возачот најверојатно имал проблем со менталното здравје

185

Неколку лица се повредени кога возач со својот автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на аеродромот Келн-Бон во западна Германија, јавува Асошиетед прес.

Тој со својот автомобил удрил во неколку други автомобили, јави германската новинска агенција ДПА.

Полицијата соопшти дека има индиции дека мажот има проблеми со менталното здравје.

Други детали за инцидентот засега не се достапни, јавуваат агенциите.