Најчести грешки при подготовка на пица и тестенини – ги откриваат Италијанците

216

Постојат неколку најчести грешки кои луѓето ги прават додека јадат и подготвуваат италијанска храна.

И покрај обожувањето на италијанската храна, коешто доаѓа од сите страни на светот, истражувањето во кое учествувале 2.000 Британци открило дека повеќе од 60 отсто од нив не се свесни за вистинскиот начин на подготовка и јадење тестенини.

Ова се најчестите грешки што ги прави остатокот од светот кога е во прашање подготовката на најпознатите италијански специјалитети.

  • Лебот со бел лук, го сметаат за додаток на тестенините.
  • Јадат леб пред оброкот.
  • Ја полнат кората/тестото при подготовка на пица.
  • Додаваат сирење на тестенините.
  • Не користат пире од домат за подготовка на макало.
  • Ги сечат шпагетите за да ги скратат.
  • Додаваат павлака на карбонарата.
  • Ставаат масло во водата во која се подготвуваат тестенините.