Во недоумица што да појадувате во неделното утро, а сакате да ги изненадите домашните со нешто што досега не сте го пробале, ви препорачуваме да уживате во вкусните мафини од тиквица и пршута.

Овие мафини лесно се подготвуваат, така да нема да загубите многу време од неделното утро со семејството. Ако ви остане некое, слободно понесете си го наредниот ден на работа.

За подготовка на овие мафини потребни ви се една тиквица, пет листа пршута, 180 грама брашно, две јајца, еден прашок за пециво, 120 мл јогурт, 100 грама крем сирење и малку сол.

Тиквицата изренадајте ја, а пршутата насецкајте ја на ситни парчиња. Измешајте го брашното со прашокот за пециво. Изматете ги јајцата со јогурт, крем сирењето и солта. Потоа додадете ги брашното и прашокот за пециво и измешајте.

Додадете тиквички и пршута. Калапот за мафини премачкајте го со масло или путер, а потоа наполнете го три четвртини од висината. Печете на 180 степени околу 25 минути.

Послужете со чаша јогурт или млеко.