Најтешко ми беше во Металург, а со Вардар го остварив сонот

115
Vardar's Luka Cindric celebrates the 26-25 victory against Barcelona during Handball EHF Champions League Final Four semi final match between HC Vardar and FC Barcelona Lassa in Cologne, western Germany, on June 3, 2017.,Image: 334709371, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Македонската спортска јавност многу добро го познава хрватскиот ракометен репрезентативец Лука Циндриќ. Тој прво го носеше дресот на Металург, а потоа со Вардар го направи најголемиот успех во својата кариера, освојувањето на Лигата на шампионите.

Интересно за него е тоа што прво почнал да гради кариера на фудбалер, а потоа се префрлил на ракометните терени, но никој не верувал дека момчето со висина од само 182 сантиметри ќе направи одлична кариера во спортот, во кој доминираат двометраши.

Но, тој не само што направи солидна кариера, туку и беше мета на најдобрите клубови во Европа, а моментно е член на каралонскиот гигант Барселона, клуб кој е сон на секој ракометар.

Меѓутоа, Лука во интервју за хрватскиот портал „Нет.хр“, зборуваше за неколку клучни моменти од неговата кариера, периодот кога не можел да добие исписница од Металург, но и мајубавиот момент во кариерата пристигнувањето во Вардар.

-Најдобриот период од мојата кариера е пристигнувањето во Вардар, а најтешкиот беше кога бев на суд со Металург, бидејќи не ми даваа исписница. Тогаш атмосферата во клубот беше многу лоша. Клубот се распаѓаше, а платите не беа испалтени по четири – пет месеци… Сите играчи добија исписници, единствено јас не добив, искрено не знам од која причина. Потоа половина година немав клуб, тоа беше многу стресен период за мене. Потоа преминав во Вардар, а тогаш се појави уште поголема желба во мене за успех и докажување. Нормално се поклопи и супер тренерот Раул Гонзалез, напредував многу и врвот дојде со освoјување на Лигата на шампионите, вели Лука.

Хрватскиот интернационалец го опиша и еден од најубавите моменти во својата кариера, победничкиот гол во полуфиналето на завршниот турнир во Келн, против неговиот сегашен клуб Барселона.

-Тоа беше остварување на сонот. Секогаш замислував како го давам победничкиот гол во последната секунд. Таквите соништа те туркаат напред. Пазите, јас го дадов победничкиот гол против Барселона, мојот омилен клуб. Тоа беше нешто неверојатно. Таа ноќ не можев да спијам од возбуда, бидејќи тоа се случува само еднаш во животот, откри Циндриќ.